29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИFacebook: Добивката опадна, приходите зголемени за 40 отсто

Facebook: Добивката опадна, приходите зголемени за 40 отсто

face

Добивката на „Facebook“ опадна речиси пет пати, делумно поради зголемената потрошувачка на истражувања и развој, јавуваат од „BBC“.

Во последниот квартал од минатата година, оваа друштвена мрежа остварила добивка од 64 милиони долари, во споредба со 302 милиони долари во истиот период минатата година.

Приходите се зголемија за 40 отсто на 1,6 милијарди долари, главно поради порастот на приходите од реклами, од кои една четвртина припаѓа на мобилната платформа.

Цената на акциите на „Facebook“ во попладневното тргување во Њујорк, опадна за речиси 6 отсто.

Приходите од рекламирање изнесуваат 1,3 милијарди долари, што претставува зголемување од 41 отсто на годишно ниво.

Мобилните приходи кои се важен индикатор за способноста на компанијата да ја капитализира промената на растот кон мобилната платформа, ги сочинуваат 23 отсто од вкупните приходи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП