Со поместување на часовниците за еден час наназад вечерва започна зимското сметање на времето.
Зимското сметање на времето, или како што го нарекуваме нашето „старо“ време, започна вечерва со поместување на стрелките од три часот еден час наназад.
Летното сметање на времето е воведено во поранешна СФР Југославија на 27 март 1983 година.
Зимското сметање на времето се префрла на секој последен викенд во октомври ноќта меѓу сабота и недела, додека летното сметање на времето се префрла на последната недела од март, кога времето се поместува еден час нанапред.
Поместувањето на стрелките на часовникот дава дополнителен час сон и подготовка за претстојните зимски денови, но, како што покажаа студиите, може да предизвика и одредени здравствени проблеми.