25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНов „Президент“ производ на македонскиот пазар

Нов „Президент“ производ на македонскиот пазар

Mlad_Kajmak2

Младиот кајмак – еден од најпознатите автентични производи на балканската традиционална кујна – кој досега можеше да се најде само на отворените зелени пазари, отсега станува достапен и во маркетите ширум Македонија.

Раководејќи се од желбите и традиционалните гастрономски преференци на македонските потрошувачи, водечката светска млечна индустрија „Лакталис“ (Lactalis) го лансираше на домашниот пазар, првиот вистински индустриски кајмак – „Президент Млад Кајмак“.

Не случајно првиот индустриски млад кајмак на пазарот припаѓа на семејството на млечни производи од брендот „Президент“ (Président) – една од најпознатите глобални трговски марки во оваа категорија млечни производи. Тоа е гаранција дека „Президент Млад Кајмак“ е произведен по највисоки стандарди за контрола на квалитет и микоробиолошка исправност.

Карактеристично за овој уникатен млечен производ е тоа што има идентичен вкус како и домашниот кајмак.

Во продажната мрежа во Македонија, „Президент Млад Кајмак“ е достапен во современо и практично пакување од 250 и 500 грама кое гарантирано ја чува свежината на производот.

„Президент“ е еден од водечките брендови на најголемата светска млечна индустрија „Лакталис“ кој обединува над 200 оригинални производи кои се пласираат на над 140 пазари ширум светот. Во палетата на „Президент“ од неодамна се вброија и првите македонски сирења и кашкавали произведени во млекарницата „Идеал Шипка“ од Битола.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП