22 април, 2025
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАПристигнува голема промена за корисниците на iPhone во Европската унија

Пристигнува голема промена за корисниците на iPhone во Европската унија

Apple мора да го промени начинот на кој функционираат iOS и App Store за корисниците во Европската унија.

Како дел од регулативата за Законот за дигитални пазари (DMA), Apple прави одредени промени во својот оперативен систем, а со iOS 18.2, корисниците на iPhone и iPad во Европската унија ќе можат да ги избришат App Store, Safari и други вградени iOS апликации.

Веќе е можно да се избришат некои од оригиналните апликации на Apple, како што се Calculator, Calendar, Music и Notes, а iOS 18.2 бета што стигна до програмерите покажува дека Apple ја проширува листата на апликации што ќе можат да се бришат.

Интересно е што оваа опција моментално е достапна само за корисници лоцирани во земјите на Европската унија.

Тековната верзија на софтверот iOS 18.2 бета им овозможува на корисниците во ЕУ да ги бришат App Store, камерата, Safari, Messages и Photos. Со оваа промена, Apple сака да се усогласи со барањата на Законот за дигитални пазари, кој бара од технолошките компании да им олеснат на корисниците да ја деинсталираат која било апликација.

Покрај оваа промена, iOS 18.2 додава ново мени за полесно поставување на стандардните апликации, а додадени се и Image Playground, Genmoji, ChatGPT интеграција, како и Visual Search за моделите на iPhone 16.

Засега, iOS 18.2 бета е достапна само на уреди кои се компатибилни со функцијата Apple Intelligence, имено iPhone 15 Pro и понови телефони или M1 iPad или понови таблети.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП