„Poco“ наводно планира наскоро да направи нешто сосема ново – „Ultra“ телефон.
Серијата „Poco F7“ е пред излегување, а досега се очекуваше да ги вклучи само моделите „Poco F7“ и „Poco F7 Pro“. Но сепак, имаше пресврт.
Благодарение на „GSMA“ базата на податоци на „IMEI“ броеви, глобален регистар кој содржи информации за мобилните уреди на пазарот или оние што допрва ќе пристигнат, потврдено е постоењето на моделот „Poco F7 Ultra“ со ознака 24122RKC7G. Овој телефон се појавува заедно со моделот „Poco F7 Pro“.
Сепак, со појавувањето на овој нов модел се поставува прашањето дали серијата „F7“ ќе вклучува три модели, или ќе се отфрли основниот модел, а ќе останат само верзиите „Pro“ и „Ultra“, пишува „GSMArena“.
Интересно, бројот на моделот на верзијата „Ultra“ сугерира дека тоа всушност ќе биде ребрендираниот „Redmi K80“, што е вообичаена практика кај „Xiaomi“.
Во овој случај, броевите на моделите на „Poco F7 Ultra“ и „Redmi K80“ укажуваат на заедничка основа, што значи дека хардверските карактеристики, како што се процесорот Snapdragon 8 Gen 3 SoC и 2K OLED дисплејот, најверојатно ќе бидат исти или многу слично на двата уреди.
Другите спецификации на телефонот сѐ уште не се познати, но повеќе информации се очекуваат да бидат достапни во наредните недели.