24 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАPanasonic става крај на плазма телевизорите

Panasonic става крај на плазма телевизорите

Germany Gadget Show Panasonic

Гигантот во електроиндустријата „Panasoniс“ најави до крајот на годината дека ќе го прекине производството на плазма екраните поради намалената побарувачка.

Јапонската компанија дефинитивно ќе ги затвори трите погони кои произведуваат делови за фабриката Амагасаки во Јапонија. Во два погони производството веќе е прекинато.

„Panasoniс“ инвестираше милијарди во фабриките во Јапонија и Кина, плаќајќи ја сметката за враќањето на пазарите по финансиската криза во 2008-та и 2009-та и вложувајќи во екраните со течни кристали, „LCD“ мониторите.

Јапонската компанија во 2004-та, 2005-та и 2007-та година инвестираше во изградба на нови фабрики, а потоа почна да го менува курсот за во 2011-та да започне со затворање на некои од погоните поради настанатите загуби.

„Panosoniс“ во рамките на реструктуирањето го намали производството на плазма мониторите во Јапонија и Кина, а на почетокот на 2013-та ги менува своите планови и го зголеми производството во Шангај, каде сега конечно е прекинато производството на плазма телевизорите.

Компанијата во 2001-ва година почна со производство на плазма екраните, кои во тоа време претставуваа напредна технологија, додека пак сега се потиснати од мониторите со течни кристали кои користат помалку електрична енергија.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП