Турскиот муслимански проповедник Фетула Ѓулен, за кој Анкара тврди дека стои зад неуспешниот пуч во 2016 година, починал во Пенсилванија, САД, каде што живеел, објавија турските медиуми и веб-страницата поврзана со Ѓулен. Тој имаше 83 години, објави Ројтерс.
Ѓулен изгради моќно исламско движење во Турција и пошироко, но последните години од својот живот ги помина соочувајќи се со обвинувања дека организирал обид за државен удар против турскиот лидер Реџеп Таип Ердоган. Ѓулен ги негираше обвинувањата.

