Со настап на големата балканска ѕвезда Саша Ковачевиќ, Diamond Mall ќе прослави една година од своето постоење. Централниот настан ќе се одржи на 19 октомври 2024 година, а покрај Саша Ковачевиќ, публиката ќе ја забавуваат и Поп арт бенд, додека своја точка ќе има и Маријана Станојковска, која воедно е и водителка на настанот. Настанот ќе се одржи во познатата Гурманска авенија (Gourmet Avenue) на Diamond Mall, каде што посетителите можат да уживаат во богатата гастрономска понуда.
На роденденската прослава ќе бидат извлечени и добитниците на две парични награди во вредност од 50.000 денари, четири парични награди од 25.000 денари и осум парични награди во вредност од 12.500 денари, кои се доделуваат во рамки на наградната игра организирана од Diamond Mall по повод првиот роденден. Извлекувањето на главната награда, автомобил на хибриден погон – PEUGEOT NLU 3008 Allure HIBRID, ќе биде исто така дел од програмата, а наградата ќе ја извлече ѕвездата на вечерта Саша Ковачевиќ.

