10 мај, 2025
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАМртва трка: Кој испорачува најмногу паметни телефони

Мртва трка: Кој испорачува најмногу паметни телефони

Новите податоци од Canalys покажуваат дека Apple и Samsung се изедначија на врвот на пазарот на паметни телефони, додека Xiaomi, Oppo и Vivo ги заокружуваат првите пет производители.

Според новиот извештај на Canalys за глобалниот пазар на паметни телефони во третиот квартал од 2024 година, испораките забележале раст и на годишно ниво и на квартално. Аналитичарите велат дека главниот двигател бил циклусот на замена на уредите од јули до септември, додека конкуренцијата стана потешка од кога било.

Имено, Samsung го задржа првото место на пазарот, но малку, бидејќи Apple го постигна истиот пазарен удел кога процентот беше заокружен на цел број. По нив следат кинеските производители Xiaomi, Oppo и Vivo.

Сепак, сите светла беа на Apple во третиот квартал, најмногу поради тоа што успеа да постигне најголем обем на испораки благодарение на силната побарувачка за моделите на iPhone 15 и претстојните уреди што ќе добијат Apple Intelligence.

Се очекува iPhone 16 дополнително да ја зајакне позицијата на Apple и да и помогне на компанијата да стане водечки производител на паметни телефони во четвртиот квартал, а потоа и во првата половина на 2025 година, кога ќе ги прошири своите AI функции на пазари како Европа и Кина.

Гледајќи ја пошироката слика, сепак, пазарот на паметни телефони има добри резултати пред претстојната празнична сезона, вклучувајќи го Дивали во Индија на 31 октомври, Денот на самците во Кина на 11 ноември, црниот петок на крајот на ноември и се разбира, Божиќ на крајот на годината.

Canalys, исто така, истакна дека пазарот на паметни телефони се опоравува, но некои производители сè уште се соочуваат со глобални предизвици во генерирањето побарувачка и регулаторни пречки, особено во Европската унија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП