28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗХарисон Форд со Audi во научно фантастичен филм

Харисон Форд со Audi во научно фантастичен филм

Harrison Ford im Sci-Fi Audi

· Премиера на “Ender’s Game” во Лос Анџелес
· Врвните актери Форд и Батерфилд беа меѓу гостите
· Научно фантастичниот Audi автомобил на црвениот тепих

 
Премиера на Audi fleet shuttle quattro – футуристичкиот Audi автомобил отсега може да се види во “Ender’s Game”  филмот кој започна да се прикажува во кино салите. Дури и со намалени димензии, научно фантастичниот автомобил помина на црвениот тепих за време на премиерата во Лос Анџелес, заедно со филмските ѕвезди Харисон Форд, Ејса Батерфилд , Бен Кингсли, Виола Дејвис и други. Специјално за премиерата на филмот, дизајнерскиот тим на Audi направи модел во размер 1:4. За споредба, автомобилот во филм кој беше управуван од Харисон Форд, алијас Хајрам Граф, постои само во виртуелниот свет.

fleet

За прв пат, дизајнерите на Audi создадоа исклучиво дигитален автомобил за
потребите на Холивуд. Тие работеа без физички модел и дизајнираа целосно компјутерски автомобил. Кога се снимаа сцените актерите возеа Audi A7 Sportback. „Digital Domain“ компанијата која беше задолжена за специјалните ефекти во филмот, користеше компјутерски генерирани слики да го замени Audi А7 со дигиталниот Audi fleet shuttle quattro во пост -продукција.
” Тоа беше посебен момент за мене кога конечно го видов нашиот футуристички Audi автомобил на екранот,” изјави Бјорн Верли член на дизајнерскиот тим,  кои црпеше инспирација за дизајнот на автомобилот од футуристичкиот свет кој го создаде режисерот Гевин Худ.

 

” Ние создадовме автомобил за свет кој би постоел 75 години од сега и кој ја интегрира
совршената високо – технолошка атмосфера на филмот.” изјави Вејн А Кенеди, раководител на фирмата „Digital Domain“, кој ја пофали одличната соработка со дизајнерите на Audi и додаде: “Ние сакавме да работиме со експерти, кои знаат како би изгледал дизајнот во иднина. Токму тоа го постигна Audi со својот футуристички  дизајн. “

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП