Се појавија фотографии кои подобро ни даваат слика да видиме како изгледа претстојниот премиум телефон од кинескиот производител.
Xiaomi е прилично таинствен кога станува збор за претстојниот водечки телефон на компанијата, но првите фотографии во живо неодамна протекоа што укажуваат на дизајнот на Xiaomi 15 Pro.
На фотографиите се гледа телефонот во рацете на потпретседателот на Xiaomi, Ванг Ксијаојан. Телефонот има модул за камера со блиц позициониран надвор од модулот.
Претпоставката е дека станува збор за телефонот Xiaomi 15 Pro, бидејќи новите фотографии се совпаѓаат со рендерите на телефонот кои покажуваат сличен дизајн.
Телефонот ќе пристигне во црна боја, а се очекува да биде достапен и во бела и сребрена боја. Гласините сугерираат дека модулот на камерата ќе има керамичка конструкција, што е разлика од претходната верзија на телефонот (на главната фотографија).
Xiaomi 15 Pro 🤔 pic.twitter.com/RZEtonh2pM
— Mochamad Farido Fanani (@faridofanani96) October 12, 2024
Во однос на спецификациите, се очекува Xiaomi 15 Pro да има голем дисплеј од 6,78 инчи со стапка на освежување од 120 Hz. Може да се напојува со чипсет Snapdragon 8 Elite, заедно со 16GB RAM и 1TB простор за складирање.
Во однос на камерите, се очекува главен сензор од 50 MP, како и ултра-широк и телефото објектив од 50 MP, со фокусна должина од 120 mm и 5x зголемување.
Сè би требало да се напојува со батерија од 6000 mAh, која поддржува безжично полнење до 80W и 90W полнење преку кабел.
Засега нема официјални информации, но може да се случи Xiaomi 15 Pro да биде официјално претставен до крајот на годината.