25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКаков автомобил да купите

Каков автомобил да купите

novi-auto

Еден од проблемите е каков автомобил ќе купиме. Ова прашање си го  поставува и тој што веќе има автомобил, но сака да го замени. Има две опции: нов или половен автомобил. Пред се мора да Ви биде јасно зошто Ви е потребно ново возило. Дали Ви е потребен за вршење на работа или за заминување со семејството на излети, патувања, годишни одмори и слично, или и за едното и другото.

Ако основната причина е за вршење на работата, тогаш треба да купите автомобил кој за таа намена најмногу одговара. Доколку вршите некоја занаетчиска дејност, активности како комерицијален агент и слично, Вам ви е потребен автомобил со поголем багажен простор за да можете да ја сместите стоката, примероците, личниот багаж и слично. Во тој случај треба да купите автомобил од типот „караван“ или едно од возилата кои ги имаат сите својства на лимузина, но со пет врати. Водете сметка за тоа да биде брзо возило, но од продукциски афирмиран производител, кој нема често да биде кај механичар или да Ве изневери на пат.

Доколку купувате автомобил поради рекреација, како и за работата, тогаш изборот ќе биде различен и ќе зависи од бројот на членовите на вашето семејство, нивната возраст, материјалните можности и навиките кои ги имате. Ако имате четиричлено семејство во кое два члена се мали деца, ако не кампувате и не одите на викенди подалеку од 200 километри, а сте средно материјално осигурани, најдобро е да купите мало возило. Просторот е доволен, а трошоците за одржување не се големи. Доколку семејството Ви е поголемо и имате добри приходи, сакате подолги патувања, кампување и слично, тогаш морате да набавите автомобил со голем багажник, покомфорен, побрз и секако поскап. Се разбира морате да го земете во предвид и теренот по кој најчесто ќе возите, затоа што од тоа зависи дали ќе се одлучите за возило кое е повеќе или помалку подигнато од земја.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП