4 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАNexus 5 се продаде за неколку минути

Nexus 5 се продаде за неколку минути

Nexus-5-price

Долгоочекуваниот нов „smartphone“ на „Google“, кој беше претставен во четвртокот – „Nexus 5“, се продаде за неколку минути. Сите црни 16GB верзии на уредот во онлајн продавницата беа распродадени, пишува „Лос Анџелес тајмс“.

Откако го претстави на блогот, компанијата објави дека новиот уред е пуштен во продажба во онлајн продавницата „Google Play“ и тоа по цена од 350 долари.

„Nexus 5“ е и првиот паметен телефон кој ќе работи на „Android 4.4 KitKat“, најновата верзија на мобилниот оперативен систем на „Google“. Новиот паметен телефон има 5 –инчен со 1080 – пиксели „Full HD“ екран, и е полесен и потенок од својот претходник.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП