7 мај, 2025
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАПогледнете што можат да направат: Маск вели дека овие роботи се најдобриот...

Погледнете што можат да направат: Маск вели дека овие роботи се најдобриот производ што некогаш го видел(ВИДЕО)

Илон Маск ги покажа хуманоидните роботи Optimus на сцената во Калифорнија и рече дека тие направиле „многу напредок“.

Маск ги донесе Оптимусите на сцената за време на настанот „We, Robot“, на кој беа претставени новото роботакси и робокомби на Тесла.

„Оптимус ќе оди со тебе. Можете да одите до него, а тој ќе ве послужи со пијалок. Во суштина, тој може да направи се…на пример да го шета вашето куче, да го коси дворот, да чува деца и така натаму“, рече тој Маск.

Шефот на Тесла изјави дека овие роботи на долг рок ќе чинат од 20.000 до 30.000 долари.

„Мислам дека ова ќе биде најголемиот производ досега, од кој било вид“, рече Маск.

По презентацијата, беше прикажана снимка на која луѓето „разговараат“ со Оптимус, иако тој не направи многу повеќе од мавтање, додавање подароци и играње игри со посетителите.

Маск минатата година претстави побрз и полесен робот од втората генерација, а во еден момент вети дека Optimus ќе биде „фундаментална трансформација за нашата цивилизација“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП