18 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАКој колку должи – УЈП ја објави најновата Листа на должници бр....

Кој колку должи – УЈП ја објави најновата Листа на должници бр. 10/2024

Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр. 10/2024 за долгови доспеани до 30.06.2024 и неплатени до 30.09.2024 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

На Листата на должници бр.10/2024 објавени се 1976 должници – правни лица (помалку за 24 од претходната листа) и 3786 физички лица (помалку за 8 од претходната листа).

Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.10/2024 изнесува 11.042.537.967 денари, (помалку за 64.874.753 денари од претходната листа).

Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 10.884.428.089 денари, (помалку за 45.943.439 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 158.109.878 денари (помалку за 18.931.314 денари од претходната листа).

Комплетната Листа на должници можете да ја погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП