Европската унија го одложи воведувањето на електронска пасошка контрола за влез и излез на патници кои не се членки на ЕУ, што требаше да започне на 10 октомври, откако Германија, Франција и Холандија соопштија дека нивните компјутерски системи на границата се уште не се подготвени.
Еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон изјави за новинарите дека „10. Октомври повеќе не е на маса“, пренесува Ројтерс.
Таа рече дека нема нов датум за воведување на системот, но дека се разгледува можноста за постепено воведување.
Електронскиот систем за регистрација на влез и излез (Entry/Exit System – EES) требаше да создаде дигитална база на податоци што ги поврзува патните документи со биометриски отчитувања кои го потврдуваат идентитетот на лицето и со кои се завршува потребата од ставање печати на пасошите на надворешните граници на Европската Унија.
Според овој систем, граѓаните кои не се членки на ЕУ кои влегуваат во „Шенген зоната“ на слободно движење треба да ги дадат своите отпечатоци од прсти, фотографија од лицето и одговори на прашањата за нивното живеалиште.
Сепак, портпаролот на германското МВР рече дека Германија, Франција и Холандија, кои сочинуваат 40 отсто од пристигнувањата во Унијата, не се подготвени да ја применат ЕЕС бидејќи централниот систем треба да биде обезбеден од агенцијата EU-Lisa се уште не е воспоставен.
EU-Lisa е агенција задолжена за имплементација на големи ИТ системи во рамките на Европската Унија.
Министерството за внатрешни работи на Франција соопшти дека Франција е убедена во корисноста на ЕЕС, но дека неговото воведување мора да се направи правилно.