21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ ќе ги намали каматните стапки и во октомври и во декември

ЕЦБ ќе ги намали каматните стапки и во октомври и во декември

Огромното мнозинство економски експерти, дури 90 отсто, сметаат дека Европската централна банка (ЕЦБ) ќе ја намали каматната стапка за по 25 базични поени во октомври и декември, покажува денеска објавената анкета на Ројтерс.

Како што се наведува, 70 од 75 анкетирани експерти сметаат дека следната недела Европската централна банка ќе ја намали каматната стапка на депозитите за 25 базични поени на 3,25 отсто, додека само пет прогнозираат дека нема да има промени.

Дополнително, 68 од 75 економисти очекуваат дека ЕЦБ во декември ќе ја намали каматната стапка на депозитите за 25 базични поени, така што на крајот на годината ќе изнесува три отсто.

Минатиот месец само 12 отсто од економистите очекуваа намалување на каматните стапки во октомври, но повеќето го променија своето мислење откако стапката на инфлација во еврозоната падна под посакуваните два отсто.

Претседателката на ЕЦБ Кристин Лагард навести дека каматните стапки може да се намалат овој месец.

„Инфлацијата може привремено да порасне во четвртиот квартал од оваа година, но најновите настани ја зајакнуваат нашата верба дека таа навремено ќе се врати на посакуваните вредности, односно одржливо до два отсто“, изјави Лагард неодамна во Европската Парламентот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП