
Со лансирањето на верзијата „Turbo S“, „Porsche“ ја заклучува гамата на редизајнираниот модел „Panamera“.


Со лансирањето на верзијата „Turbo S“, „Porsche“ ја заклучува гамата на редизајнираниот модел „Panamera“.
„Porsche Panamera Turbo S“ се придружи на стандардната верзија на „Panamerа“ и моделите „Turbo“ и „E-Hybrid“ кои беа претставени во текот на 2013-та година.
Автомобилот има исти стилски подобрувања како и останатите модели за 2014-та година. Во однос на претходната верзија, редизајниран е предниот браник и „LED“ светлата. Позади „Panamera“ доби поголем простор на петата врата, а исто така и нов браник.

Новата верзија на моделот „Turbo S“ е за 20 ks (15 kW) помоќна од својот претходник, па така 4.8 литарскиот „twin-turbo“ V8 мотор сега произведува 570 ks (419 kW). Дополнителна моќ е обезбедена благодарејќи на новиот турбо-полнач со поголем компресор кој овоможува подобар проток на воздух и соговрување.
Благодарејќи на овие подобрувања, „Panamera Turbo S“ oд 0 дo 96 km/h (0-60 milja na čas) стигнува за само 3.6 секунди, додека максималната брзина е 309 km/h.

Покрај стандардниот „Turbo S“ модел на купувачите ќе им биде понудена и верзијата „Executive“ со продолжено меѓуосовинско растојание за 150 mm со што ќе се добие дополнителен комфор за патниците на задните седишта.
„Porsche Panamera Turbo S“ за 2014-та година ќе има премиера на претстојниот саем за автомобили во Токио кој ќе се одржи во ноември.