21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАМинистерката за финансии тргна по парите од Унгарија

Министерката за финансии тргна по парите од Унгарија

Една од првите најави на новата влада, дека ќе се задолжи со кредит од првични една милијарда, а потоа сумата да се намали на 500 милиони евра денеска станува реалност. Министерката за финансии Гордана Димитриеска- Кочоска треба да стави потпис на договорт со Експорт- импорт банката од Унгарија и работата да биде завршена.

Земјава ќе има рок од деценија и пол да ги врати парите и во исто време да работи на намалување на јавниот долг кој ќе се искачи над 65 отсто. За власта ова се поволни средства со кои ќе се финасираат проекти на локално ниво и ќе се помогне стопанството. Но опозицијата смета дека тоа е погрешен потег и сега не е право време за задолжување. Бизнисот пак е скептичен дека најавената помош ќе им биде од корист.

Одговорната министерка за државната каса Гордана Димитриеска – Кочоска од вчера вечер е во Унгарија. Цел на посетата е потшишувањето на заемот кој владата го договори со Експерт -импорт банката. На оваа официјална средба министерката за финансии договорот ќе го потпише во име на Владата. Инаку станува збор за потпишување договор за најавениот заем од 500 милиони евра со поволни услови, 15 години рок на отплата, со вклучени три години грејс период и каматна стапка од 3,25%. Најавите се дека парите од заемот треба да бидат префрлени во земјава до крајот на неделата.

„Средствата од заемот ќе се користат за поддршка за проекти за локален регионален развој, што ќе се реализираат преку општините, како и за поддршка на економијата, односно заеми за компаниите. Потпишувњето на договорот со унгарската Експорт-импорт банка е согласно усвоениот Закон за  задолжување на РС Македонија со заем кај Унгарската експорт – импорт банка приватно друштво со ограничена одговорност по Договор за заем за буџетско финансирање и финансирање на општи цели, а се реализира како  дел од планираното надворешно задолжување со Буџетот за 2024 година“, велат од Министерството за финансии.

Од СДСМ се сомневаат дека позади овој заем има политичка позадина која не ја открива власта предводена од Христијан Мицкоски. Од партијата велат дека редовно кога ВМРО ДПМНЕ беше опозиција обвинуваше за задолжување, и тоа без аргументи , а сега тоа се заборави и тие се задолжуваат само да добијат политички поени пред локалните избори.

„Има официјална потврда дека парите за унгарскиот кредит се всушност кинески пари. Значи освен корупцијата Мицкоски сака да го сокрие и потеклото на парите од Кина, затоа му се брза со итна постапка во Собрание и го бутка по секоја цена. Последиците ќе бидат врз граѓаните и државата. На овој начин Мицкоски ја става во заложништво земјата и под штетна политичка зависност од трети земји, спротивно на стратешките интереси“, велат од СДСМ.

Со 500те милиони евра треба да се финансираат околу 300 проекти кои ќе ги подготвуваат општините. А втората половина од кредитот е наменет за бизнисот. Планот е и компаниите да аплицираа за дел од средствата по принципот ако инвестираат 200 илјади евра- да добијат уште толку од државата. Експертите за ова задолжување се со поделени мислења, за едно тоа е добро бидејќи на државата сега и се потребни пари за опоравување од неколку годишната криза, а пак други сметаат дека сомнителен е начинот на трошење, односно нема јани критериуми.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП