Apple ја објави првата надградба за својот нов оперативен систем – што ни носи iOS 18.0.1?
Во оваа надградба, целта беше првенствено да се поправат најголемите грешки кои корисниците ги забележаа во новиот iOS 18, а кои вклучуваат проблеми со реакцијата на допир, како и „замрзнување“ на камерата при снимање на 4K видео, кога HDR е исклучен.
Дополнително, ова ажурирање го решава проблемот со ненадејно затворање на апликацијата Messages при одговарање преку Apple Watch и ги поправа проблемите со распределбата на меморијата.
За корисниците на iPad, Apple го објави и ажурирањето iPadOS 18.0.1. кој главно е насочен кон уредите M4 iPad Pro, кои можеа целосно да се „затапат“ по префрлањето на iPadOS 18.
Во исто време, компанијата работи и на развој на iOS 18.1, кој треба да ги вклучи првите Apple Intelligence функции, како и дополнителни подобрувања. Очекуваме да го видиме некаде во октомври.
Корисниците можат да го ажурираат својот уред со одење во Settings и избирање на опцијата Software Update.