28 април, 2025
ПочетнаСВЕТНетанјаху спрма електромагнетно оружје за Иран!

Нетанјаху спрма електромагнетно оружје за Иран!

Иран и Израел се заколнаа дека ќе се уништат меѓусебно, а светот трепери додека Тел Авив избира како да одговори на балистичкиот и хиперсоничен ракетен напад.

Списокот на цели ги вклучува иранските нафтени и нуклеарни постројки, каде Израел би можел да користи електромагнетни боеви глави способни да уништуваат центрифуги за збогатување ураниум.

Експертот на Вашингтон Тајмс, Бил Герц, предупреди дека американските разузнавачки агенции го разгледуваат потенцијалот на Израел да користи електромагнетно оружје против Иран.

-Иранската електрична мрежа, комуникацискиот и транспортниот систем, финансиските услуги и здравствената заштита би биле неутрализирани, што би довело до економски колапс и враќање на земјата во камено доба. Ова го нарекуваат војување од шестата генерација или војување за затемнување бидејќи сите електронски уреди ќе бидат цел на три вида електромагнетни бранови – рече Герц.

Израел стравува дека Иран ќе успее да произведе атомска бомба. Во извештајот од декември 2023 година на Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) се наведува дека Иран произведува три килограми збогатен ураниум месечно.

Тоа може да значи дека Иран досега има направено 30 килограми, додека IAEA наведува дека му се потребни 42 за атомска бомба.

Тоа ја загрижува и Америка, па не е исклучено израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да го убеди Џо Бајден во неопходноста од удари врз иранските нуклеарни постројки, иако американскиот претседател во моментов е против тоа.

Надворешно-политичкиот аналитичар Софија Спасиќ вели дека конфликтот не мора да ескалира на ниво на трета светска војна, бидејќи Иран не е нуклеарна сила.

Истовремено, Израел се придржува до доктрината објавена од премиерката Голда Меир (1969-1974): „Немаме нуклеарно оружје, но ќе го користиме доколку е потребно“.

-Израел поседува напредно електромагнетно оружје што може да ја парализира иранската инфраструктура, вклучително и неговите нуклеарни постројки. Тоа е технологија која може да предизвика сериозни прекини во електричната мрежа на Иран, без потреба од конвенционални напади. Израел би можел да ги таргетира влезовите и излезите на нуклеарната постројка „Натанц“, а со тоа значително да ги попречи амбициите на Иран – вели Софија Спасиќ.

Во научен труд минатата година за рускиот Институт за Блискиот Исток, д-р Сергеј Атаманов објасни дека Израел развил електромагнетна бомба (ЕМБ).

Ова оружје активира електромагнетен генератор на висина од 300 метри и ја оневозможува целата електронска опрема во радиус од 3,5 km. Покрај тоа што го прави модерното оружје бескорисно, ЕМБ ќе ја оневозможи цивилната инфраструктура.

-Зачетник на овој концепт е д-р Џо Тузара, кој предложи Израел да ја детонира боевата глава ЕМП со ракетата Јерихон 3 над северен Иран.

Во тој случај нема да има експлозија и радијација, но иранските центрифуги за збогатување ураниум во „Форд“, „Натанц“ и други би биле замрзнати со децении – изјави д-р Атаманов.

Електромагнетниот арсенал на Израел ги вклучува системите „Scorpius“ и „Shut“, кои се инсталирани во авионите и испраќаат шифриран вирус до електронските системи на непријателот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП