20 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗ„Peugeot“ покажа електрично крос-купе (ФОТО/ВИДЕО)

„Peugeot“ покажа електрично крос-купе (ФОТО/ВИДЕО)

Пред само неколку дена, „Peugeot“ објави дека ќе претстави електрична верзија на „408“ на саемот во Париз кон крајот на овој месец, а сега француската компанија објави слики и информации за моделот.

Првично, „Peugeot E-408“ ќе се нуди само со еден мотор поставен напред со 210 ks (157 kW) и 345 Nm максимален вртежен момент. Батеријата има капацитет од 58,2 kWh и треба да обезбеди домет до 453 km во циклусот „WLTP“.

Базиран на „E-EMP2“ (Ефикасна модуларна платформа), електричниот „Peugeot 408“ ги задржува димензиите на верзијата со внатрешно согорување – должина од 4,69 метри, ширина 1,85 метри, висина од 1,49 метри и меѓуоскино растојание 2,79 метри. Дизајнот на автомобилот исто така не е променет, единствена разлика се бандажите од 19 инчи на кои се поставени гуми со помал отпор. Благодарение на големото меѓуоскино растојание, батеријата се наоѓа во долниот дел на автомобилот – помеѓу двете оски, без да се нарушува внатрешниот простор.

Внатрешноста на електричната верзија е исто така непроменета, повторно потпирајќи се на класичниот „Peugeot i-Cockpit“, со i-прекинувачите сместени под централниот екран од 10 инчи. Има и „TomTom“ поврзана навигација и мапирање, планирање маршрути, гласовен асистент, „ChatGPT“ и „Apple CarPlay“ и „Android Auto“ конекција.

Капацитетот на багажникот е 471 литар, исто како и приклучните верзии, но 65 литри помалку од бензинскиот и благиот хибрид. Доколку се преклопат потпирачите за грб на задните седишта, вкупниот капацитет достигнува 1.545 литри.

Три различни режими на возење – „Eco“, „Normal“ и „Sport“ – се достапни за контрола на погонот, каде што максималната моќност што ја испорачува системот варира од 170 до 210 ks. Има и три интензитети на регенерација на сопирачките кои можат да се изберат преку лопатките зад воланот.

Што се однесува до полнењето, електричниот „Peugeot 408“ стандардно е опремен со трифазен полнач со моќност од 11 kW, додека со еднонасочна струја прифаќа до 120 kW. Полнењето на батеријата од 20 до 80% трае 30 минути.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП