10 мај, 2025
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Samsung“ може да го откаже „Galaxy S26“?

„Samsung“ може да го откаже „Galaxy S26“?

Нешто големо може да се случи со предводникот на „Galaxy S“, но не следната година. „Galaxy S25“, „S25+“ и „S25 Ultra“ пристигнуваат во јануари, како и обично. Сепак, во 2026-та година, корејската компанија би можела да воведе значителна промена во својата понуда, со откажување од моделот „Galaxy S26“.

„Samsung“ веќе направи нешто слично со својата линија на водечки таблети. Оваа година беа лансирани само „Galaxy Tab S10+“ и „Galaxy Tab S10 Ultra“, додека „основниот“ модел беше изоставен. Сега една нова гласина тврди дека истото би можело да се случи со серијата „Galaxy S26“ во 2026-та година.

Значи, ќе пристигнат само „Galaxy S26+“ и „Galaxy S26 Ultra“ (најверојатно во јануари 2026-та година). Овој потег наводно би се случил бидејќи основниот модел повеќе нема да биде конкурентен на пазарот.

Кинеските брендови се подготвуваат за напад на телефони со високи спецификации во наредните месеци и „Galaxy S25“ едвај може да го преживее, но за „S26“ може да го означи крајот. Се разбира, ако ова навистина се оствари. Изворот на оваа гласина, „Ice Universe“, има солидно досие за тоа дека е добро информиран, но е познат по тоа што понекогаш претерува, па тоа треба да се има на ум, пренесува „GSM Arena“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП