Иран го предупреди Израел дека повторно ќе ги нападне доколку одлучат да одговорат на нивниот напад вечерва.
„Ако ционистичкиот режим се осмели да одговори на нападот, ќе следи уште еден разурнувачки удар“, напиша мисијата на Иран во Обединетите нации на социјалните мрежи.
Тие напишаа и како ова е правен, рационален и легитимен одговор на терористичките напади извршени од Израел.
Ебрахим Азизи, шеф на Советот за надворешни работи на Иран, го предупреди Израел дека нивниот следен напад, доколку Израел одлучи да одговори, ќе биде уште поразорен.
„Израелските воени центри беа наша цел. Доколку Израел ја повтори грешката, ќе има втор бран напади“, рече тој.
Потсетуваме, медиумите претходно објавија дека врховниот верски лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи наредил напад врз Израел.