6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКрај за Volvo C70

Крај за Volvo C70

vovlvo c70

На почетокот на 2014-та година „Volvo“ ќе стави крај на производството на кабриолетот „C70“, a во компанијата сакаат што е можно поскоро да го претстават неговиот наследник.

Шведскиот производител уште во 2011-та година најави дека поради слабата продажба ќе престане да го произведува моделот „C70“. Иако овој луксузен кабриолет не се избори за значајна позиција на пазарот поради силната конкуренција во својата класа, раководството на компанијата верува дека неговиот наследник ќе има потенцијал, со оглед дека ќе биде заснован на „Concept Coupe“ кој беше претставен на саемот во Франкфурт.

Сепак, пред да дојде до реализација на новиот луксузен кабриолет, компанијата „Volvo“ за 2014-та година ја најави новата генерација на моделот „XC90“.

Овој автомобил ќе биде првиот во низата модели со новиот стилски пристап, а потоа ќе следи обнова на останатите автомобили од гамата на „Volvo“. Дури по претставувањето на новите генерации на „S80“, „V70“, „S60“ и „XC60“, треба да се очекува и наследникот на кабриолетот „C70“.

„Volvo C70“ се произведуваше во две генерации од 1997-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП