Нетанјаху преку социјалната мрежа Х сподели видео порака во која вели дека доста зборува за лидерите на Иран и дека во овој важен момент сака без двоумење и не преку трето лице да му се обрати на народот на Иран.
-Секој ден гледате како режимот ве залажува, држат огнени говори за одбраната на Либан, одбраната на Газа. И покрај тоа, секој ден тој режим го втурнува нашиот регион сè подлабоко во темнина и подлабоко во војна – рече израелскиот премиер.
Нетанјаху укажа на „неповрзаноста меѓу приоритетите на иранскиот режим и потребите на неговиот народ“.
-Огромното мнозинство Иранци знаат дека режимот не се грижи за нив. Ако се грижеше за вас, ќе престане да троши милијарди долари за залудни војни низ Блискиот Исток. Тоа би почнало да ви го подобрува животот. – рече тој.
Тој го повика иранското население да „замисли иднина во која ресурсите потрошени за војна и нуклеарни амбиции ќе се пренасочат кон образованието, здравствената заштита и инфраструктурата“.
The people of Iran should know – Israel stands with you pic.twitter.com/MfwfNqnTgE
— Benjamin Netanyahu – בנימין נתניהו (@netanyahu) September 30, 2024
-Замислете огромната сума на пари што режимот ја потроши за нуклеарно оружје и војни во странство да ги вложи во образованието на вашите деца, во подобрувањето на вашето здравје, во изградбата на инфраструктурата на вашата нација, водоводи, канализација, сите други работи што ви требаат. Замислете го тоа. – додаде тој.
Тој ја заврши пораката со „солидарност“, велејќи дека „народот на Иран треба да знае – Израел стои со вас. Дозволете заедно да ја знаеме иднината на просперитетот и мирот“.
Неговите изјави уследија по значајните тензии во регионот, особено по смртта на водачот на Хезболах Хасан Насрала во прецизен напад на израелските одбранбени сили, ИД.
Нетанјаху го опиша Насрала како главен двигател на иранската оска на злото, велејќи дека ако некој се крене да ве убие, прво убијте го, пренесува ANI.
Тој истакна дека елиминацијата на Насрала „е од клучно значење за зачувување на безбедноста на Израел и за безбедно враќање на заложниците“.