5 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАZTE ја зголеми линијата Blade Q со три смартфони

ZTE ја зголеми линијата Blade Q со три смартфони

zte-blade-q

Компанијата „ZTE“ денеска претстави три прифатливи паметни телефони за европскиот пазар, со кои се надеваат дека ќе им помогнат да го зголемат својот удел во Европа.

Трите нови модели во линијата на „ZTE“ се „Blade Q Mini“ со 4-инчен екран и со резолуција од 480×800 пиксели, потоа 4.5-инчниот модел „Blade Q“ со „TFT“ екран и со резолуција од 480×854 пиксели, како и 5-инчниот „Blade Q Maxi“ со идентична резолуција.

Сите три телефони се слични и во внатрешноста, т.е. имаат „MT6572“ чипсет со „dual-core“ процесор на 1,3 GHz Cortex-A7, 1 GB RAM и 4 GB интерна меморија. Исто така тие имаат камера од 5 мегапиксели, а како заедничка карактеристика е и оперативниот систем „Android 4.2 Jelly Bean“.

Покрај големината на екранот, различни им се и батериите, па така мини моделот доаѓа со батерија од 1500 mAh, „Blade Q“ со 1800 mAh, a најмоќниот модел е со батерија од 2000 mAh.

Цената и датумот за појавувањето на овие смартфони во продавниците се уште не се објавени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП