19 април, 2025
ПочетнаСВЕТУтринава израелската армија гаѓаше десетици цели на Хезболах во Либан, празни улици...

Утринава израелската армија гаѓаше десетици цели на Хезболах во Либан, празни улици и страв во Бејрут

Рано утринава израелската армија погоди десетици цели на исламистичкото движење Хезболах во регионот Бека во Либан, а либански извори објавија дека четири лица се убиени во центарот на главниот град Бејрут.

„Воените авиони на воздухопловните сили гаѓаа десетици цели на терористичката организација Хезболах во регионот Бека во Либан“, изјави портпаролот на израелската цивилна одбрана на Телеграм.

Тој додаде дека цел биле „десетици фрлачи и згради каде што се чува оружје“, како и дека Израел ќе продолжи со интензивните напади врз воените капацитети и инфраструктурата на Хезболах во Либан.

Либански безбедносен извор изјави дека најмалку четири лица се убиени денеска во напад на израелски дрон во Бејрут, прв во центарот на либанската престолнина по нападот на палестинскиот Хамас во Израел на 7 октомври минатата година.

Најмалку 105 лица загинаа, а 359 се повредени во израелските напади вчера, соопшти либанското Министерство за здравство.

Проиранскиот Хезболах почна да стрела ракети кон северен Израел на 8 октомври, како поддршка на Хамас, кој води војна против Израел во Појасот Газа.

Израелската армија го засили бомбардирањето во Либан на 23 септември за да овозможи враќање на раселените во северен Израел.

Либанскиот премиер Наџиб Микати изјави дека речиси милион луѓе ги напуштиле своите домови и избегале од израелските бомбардирања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП