6 мај, 2025
ПочетнаСВЕТТрамп: Ќе го тужам Google кога повторно ќе бидам претседател

Трамп: Ќе го тужам Google кога повторно ќе бидам претседател

Поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп повторно се пресметува со технолошките компании.

Трамп, овојпат, најави дека ќе го тужи Google доколку повторно биде на чело на државата.

„Утврдено е дека Google незаконски користел систем за прикажување само негативни работи за Доналд Трамп, од кои некои се измислени токму за тоа“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.

„Во исто време, се прикажуваат само позитивни приказни за пријателката Камала Харис. Ова е незаконско и се надевам дека Министерството за правда ќе ги гони за ова бесрамно мешање во изборите“, додаде тој.

Тој заклучи дека „кога ќе победи на изборите“, ќе бара кривично гонење на Google во согласност со американскиот закон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП