Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави денеска дека убиството на лидерот на либанската група Хезболах, Хасан Насрала е „мерка за правда за неговите многубројни жртви“ и дека САД целосно го поддржуваат правото на Израел да се брани од Иран, држава која ја поддржува групата.
Бајден рече дека му рекол на американскиот секретар за одбрана Лојд Остин дополнително да ја подобри одбранбената положба на американските воени сили на Блискиот Исток за да го намали ризикот од ескалација на конфликтот, пренесува Ројтерс.

