21 април, 2025
ПочетнаСВЕТПо средбата со Зеленски, Трамп порача: Ако победам, брзо ќе ја завршиме...

По средбата со Зеленски, Трамп порача: Ако победам, брзо ќе ја завршиме војната

Претседателскиот кандидат Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска разговараа во Њујорк, во кулата Трамп, а пред средбата републиканскиот претседателски кандидат изјави дека ќе работи со Украина и Русија за да се стави крај на војната, пренесува Гласот на Америка.

Имаме многу добри односи со Зеленски, а јас, како што знаете, имам многу добри односи со претседателот Владимир Путин. Ако победиме, мислам дека тоа ќе го решиме многу брзо, рече Трамп, алудирајќи на претстојните претседателски избори во ноември.

Зеленски рече дека сака да разговара со Трамп за неговата иницијатива, која ја нарекува план за победа на Украина.

Во деновите пред средбата, Трамп го критикуваше украинскиот лидер за време на изборната кампања, велејќи дека Зеленски ја поддржува демократската кандидатка Камала Харис и изрази сомневање дека Украина може да победи во војна со Русија.

Гласот на Америка известува дека дел од републиканците се убедени дека помошта за Украина, за која тврдат дека е премногу великодушна, треба да се преиспита и дека Киев некако треба да се убеди да стави крај на конфликтот со Москва.

Зеленски, кој е во Соединетите држави на седницата на Генералното собрание на Обединетите нации, разговараше во четвртокот со американскиот претседател Џо Бајден и потпретседателката Камала Харис, од кои доби целосна поддршка за борбата против руската агресија и ветување за нова воeна помош.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП