Скопје, 26 септември 2024 г. – Samsung Electronicsденес го најави Galaxy S24 FE, најновиот додаток на екосистемот Galaxy AI, кој обезбедува врвни мобилни искуства за повеќе корисници.
Засилен со ProVisual Engine базиран на AI и функциијатаПомош за фотографирање (Photo Assist) на Galaxy AI, Galaxy S24 FE има подобрен сет на камери кој имовозможува на корисниците да бидат покреативни. Ова е совршен уред за гејминг во движење со 6.7-инчен DynamicAMOLED 2X екран, долготрајна батерија од 4700mAh и моќен Exynos 2400e чипсет. Galaxy S24 FE нуди врвниGalaxy AI алатки и поврзаност во екосистемот за подобракомуникација, продуктивност и креативност, сето тоа сместено во иконски дизајн и заштитено со робусната безбедност на Samsung Knox.
„Сакаме секој да ужива во сите предности на нашите најнови мобилни иновации,“ рече Си Јанг Ли (SeaYoungLee), корпоративен извршен потпретседател и раководител на тимот за истражување и развој на паметни телефони во Samsung Electronics. „Galaxy AI отвора навистина многу нови искуства за корисниците, кои им помагаат да комуницираат и да бидат покреативни и попродуктивни. Galaxy S24 FE ги прави моќните перформанси и врвни можности на Galaxy AI од серијата S24 достапни за уште повеќе луѓе.“
Отклучете ја креативноста со камераи уредувањезасилени со вештачка интелигенција
Galaxy S24 FE го олеснува фотографирањето иснимањето видеа. Неговиот врвен сет на камери вклучува широка леќа со 50MP и телефото леќа со 8MP и со 3X оптички зум поддржани со оптичка стабилизација на сликата (OIS), плус ултра-широка леќа со 12MP и селфикамера со 10MP.
Можностите на сетот на камери се дополнително подобрени со динамичната ProVisualEngine на Samsung, алатка на камерата засилена со AI, која го носи визуелниот квалитет до неверојатни височини. Со своето деби во FE серијата, ProVisual Engine вклучува значително подобрена технологија која користи напредни AI алгоритми за да испорача неверојатни детали и исклучително суптилни текстури:
• Nightography со AI обработка на сигналot на сликата (ISP) за подобрување на перформансите при слаба светлина, овозможувајќи убави ноќни портрети.
• Работи со AdaptivePixelSensor од 50MP на широката камера за да овозможи оптички квалитет на перформансите при зум од 2x, покрај оптичкиот зум од 3x. AI zoom, исто така, обезбедува подобрен квалитет на сликата на растојанија помеѓу должините на дигиталниот зум.
• Object-Aware Engine за препознавање сцени и оптимизирање на боите во Super HighDynamicRange (HDR) обезбедува живописни и реалистични фотографии и видеа.
Кога е време за уредување, функцијата Помош за фотографирање (Photo Assist) им дава живот на идеите. Од нејзиното воведување кај уредите на серијата GalaxyS24, технологијата Galaxy AI стана непроценлива за уредување слики и изразување на креативноста:
• Генеративно уредување (GenerativeEdit)– повторно го составува светот преку способности за преместување и отстранување на објекти, овозможувајќи поголема креативна слобода.
• Портрет студио (PortraitStudio) – повторно ги осмислува селфи фотографиите како цртани филмови, стрипови, акварели или скици за да се додаде стил на онлајн профилите.
• Предлог за уредување (EditSuggestions) – брзо ги отстранува досадните недостатоци, како што е рефлексијата, само со притискање на едно копче.
• Instant Slow-mo – инстатно ги овековечува секојдневните важни моменти.
Играјте со моќни перформанси
Моќниот Exynos 2400e чипсет овозможува бескомпромисно гејминг искуство, компатибилно со најсовремени функции како што е RayTracing. Во свет во кој секој дел од брзината и ефикасноста е важен, GalaxyS24 FE користи неколку клучни функции за да биде пред конкуренцијата:
• 1,1 пати поголемата комора за пареа го подобрува ладењето за одржување на врвните перформанси подолги периоди.
• Поголемата батерија од 4700mAh овозможува долги и безгрижни гејминг сесии.
• 6.7-инчен AdaptiveDynamic AMOLED 2X екран – најголемиот екран досега користен во FE серијата со стапка на освежување до 120Hz обезбедувабеспрекорно и воодушевувачко визуелно искуство.
• VisionBooster ги оптимизира боите и контрастот на игрите дури и на сонце.
Беспрекорни Galaxy AI искуства
Galaxy S24 FE ги вклучува истите напредни AI искуства како и серијата Galaxy S24. Дизајнирана за подобрување на работата, поедноставување на комуникацијата и зголемување на поврзаноста, технологијата Galaxy AI нуди алатки кои отклучуваат нови можности на S24 FE:
• Пребарување со заокружување на Google (CircletoSearchwithGoogle) ја задоволува љубопитноста со невидена леснотија со тоа што нуди инстант резултати од пребарувањето само со долго притискање на копчето за почеток и со заокружување.
• Преведувач (Interpreter) моментално преведува разговори во живо, предавања или кој било друг вид презентации, дури и кога сте офлајн.
• Превод во живо (LiveTranslate)ги руши комуникациските бариери на телефонските повици и сега се проширува на избор на популарни апликации од трети страни.
• Композитор (Composer) од тастатурата на Samsungгенерира предложен текст заснован на едноставни клучни зборови за е-пошта и поддржани апликации за социјални медиуми
• Помош за белешки (NoteAssist) го поедноставува процесот на водење белешки и автоматизира форматирање и превод. Во Samsung Notes, можете директно да добивате транскрипција, превод и резиме на гласовните снимки. Текстовите во PDF-датотеки, исто така, може да се преведат и да се вградат со помош на функцијата PDF-вграден превод (PDF overlaytranslation)
Поврзување и заштита на SamsungGalaxyекосистемот
Секое Galaxy AI искуство станува уште покорисно кога Galaxy S24 FE е поврзан со проширениот мобилен екосистем на Samsung. Беспрекорно се пренесуваатдатотеки, брзо се поставуваат проширени екрани и лесно се реализираат сложени креативни идеи преку интуитивни внесови. Во овој хиперповрзан Samsung Galaxyекосистем, Galaxy S24 FE овозможува искуства кои ја зголемуваат продуктивноста, креативноста и ефикасноста.
Базирајќи се на иновативното наследство на серијата S, ова врвно искуство е зајакнато со силна безбедност. SamsungKnox, повеќеслојната одбрамбена безбедносна платформа на Galaxy, ги штити важните информации со сигурен хардвер од крај до крај, детекција на закани во реално време и со колаборативна заштита.
Како продолжение на традицијата на одржлив дизајн на серијата S24, Galaxy S24 FE е создаден да постигнеповеќе со помалку кога станува збор за ресурсите на планетата. Тој содржи широк спектар на рециклирани материјали, вклучувајќи рециклирана пластика, алуминиум, стакло и ретки земјени елементи во внатрешните и надворешните компоненти. Исто така, има седум генерации на надградби на оперативниот систем и седум години безбедносни ажурирања и доаѓа во пакување направено од 100% рециклирана хартија.
Galaxy S24 FE ќе биде достапен во продажба од 4октомври 2024 година во сина, графитна, жолта и ментол зелена боја.
За SamsungElectronics
Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, носивите уреди, таблетите, апаратите за домаќинство, мрежните системи и меморија, LSI системите, полуспроводниците и LED решенија и обезбедува беспрекорно поврзано искуство низ својот SmartThings екосистем и отворената соработка со партнерите. Најнови вести на Samsung Newsroom: http://news.samsung.com/mk/.