14 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманците ги повикуваат македонските мајстори – нудат плати до 2.500 евра

Германците ги повикуваат македонските мајстори – нудат плати до 2.500 евра

Во последните години, Германија се утврди како една од најатрактивните дестинација за македонските работници, кои бараат нови можности за работа и напредување.

Со економија која нуди стабилност и високи плати, многу наши граѓани се одлучуваат да се прилагодат на европските услови на живот.

Една од најзабележителните области во која се бараат работници е градежништвото, особено позициите поврзани со работа со гипс-картон и молерај.

Специјализирани агенции за вработување објавуваат огласи за мајстори и помошници-мајстори, нудејќи атрактивни услови и плати.

На пример, мајсторите можат да очекуваат плата од 2.500 евра, додека помошниците добиваат 2.000 евра месечно.

Агенциите, како што објаснува Дејан П., вработен во агенција за вработување, бележат значителен пораст на интересот од страна на македонските работници:

„Во последните месеци, забележавме дека бројот на апликации за работа во Германија драстично се зголеми. Многу луѓе се заинтересирани за работа во градежништво, особено во секторот за гипс-картон, каде што понудите се многу поволни“.

Понудата за работа вклучува не само високи плати, туку и бенефити како што се бесплатно сместување, работна униформа, работна дозвола, пензиско и здравствено осигурување, како и бесплатен превоз до работното место.

Секој работник добива и еден слободен ден неделно, што е дополнителен поттик за многумина.
Со оглед на континуираниот економски развој во Германија, не е изненадување што Македонците се стремат кон нови предизвици и можности во оваа европска земја.

Б.З.М.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП