4 ноември, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Mercedes-Benz“ се откажува од цел сегмент!

„Mercedes-Benz“ се откажува од цел сегмент!

Во текот на изминатите неколку години, „Mercedes-Benz“ почна постепено да ја намалува својата веќе надуена линија на модели во име на намалување на трошоците.

Најновите информации покажуваат дека оваа стратегија ќе се покаже фатална за цел сегмент – оној на „SUV“ купеата, при што едната опција е целосно да се елиминира, а другата – да се спојат сите модели во него во еден.

Mercedes моментално нуди две „SUV“ возила во облик на купе – „GLC Coupe“ и „GLE Coupe“, позиционирани како директни конкуренти на „BMW X4“ и „X6“. Моделите со висока позиција на возење и наклонети покривни линии учествуваат со околу 10-15% од глобалната продажба на „GLC“ и „GLE“, додека на најголемиот светски пазар, Кина, нивниот удел е под 6%.

Ваквите скромни бројки отвораат прашања за нивната долгорочна одржливост во поставата на „Mercedes“. Засега, извршниот директор на автомобилскиот производител Ола Калениус не се изјаснил за ова прашање, но според германскиот весник „Handelsblatt“, цитирајќи извори од компанијата, иднината на купеата „SUV“ е доведена во прашање.

Дел од менаџментот на „Mercedes“ верува дека на „GLC Coupe“ и „GLE Coupe“ треба да им се дозволи да го завршат својот животен циклус, а потоа да исчезнат од гамата. Сепак, други врвни менаџери од компанијата сметаат дека е подобро двата модели да се спојат во еден, додека други сакаат ништо да не се менува.

„Mercedes“ во 2026-та година ќе лансира електричен SUV со големина на „GLC“, но нема да добие купе верзија, што може да се смета за сигнал дека производителот од Штутгарт повеќе не е заинтересиран за ваков тип на каросерија. Покрај тоа, стандардните теренци, особено електричните, стануваат сè поелегантни и аеродинамични, што ги прави излишни нивните купе верзии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП