30 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАiPhone 6 ќе се појави во септември 2014-та

iPhone 6 ќе се појави во септември 2014-та

iphone 6

Најновиот уред од „Apple“, „iPhone 6“ премиерно ќе биде претставен во септември следната година, а тоа што е главна новина во хардверска смисла е за еден инч подолгата дијагонала на екранот и два пати помоќната камера.

Шестата генерација на „iPhone“ ќе излзе во септември 2014-та година, а со продолжувањето од еден инч, односно 2.54 сантиметри, „Apple“ ќе се приклучи на моменталниот тренд во развивањето на телефоните со поголем екран. Сепак, како што истакнуваат од „Apple“, нема да ја надминат границата и „iPhone“ да го претворат во таблет.

Уште една карактеристика која ќе се обидат да ја испочитуваат е таа телефонот да биде потенок од инаку, се со цел да се олесни користењето со една рака. Се очекува резолуцијата на екранот да биде 1920×1080, што значи дека еден инч ќе содржи 440 пикесли.

Иако добија критики дека екраните на „iPhone“ се релативно мали, во „Apple“ несакаат екранот на нивните уреди да биде поголем од пет инчи и тоа ќе го испочитуваат и во телефоните од шестата генерација. Како што беше објавено на интернет страната „Mac Fan“, „iPhone“ од шестата генерација ќе има камера со 16 мегапиксели, односно два пати повеќе од онаа која се наоѓа на последните модели од петтата генерација.

Постојат и шпекулации дека „Apple“ е се поблиску до склучување на договор со „LG“ за правењето на „OLED“ екрани, а и тие како и „iPhone 6“ своја премиера ќе имаат следната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП