16 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗ„Ginetta Akula“: Звучи егзотично, но и така изгледа (ФОТО/ВИДЕО)

„Ginetta Akula“: Звучи егзотично, но и така изгледа (ФОТО/ВИДЕО)

Почетокот на производството на оваа ексклузива се чекаше цели пет години.

Беше 2019-та година на Саемот за автомобили во Женева кога „Ginetta“ го претстави својот прототип на патен автомобил со тркачко педигре – моделот „Akula“.

Иако првите испораки требаше да започнат во 2020-та година, малкумина помислија дека автомобилот ќе ја види светлината на денот. Сепак, моделот „Akula“ е тука, со значително задоцнување и е подготвен за производство.

Тоа е вистински ѕвер за секој возач кој сака да добие вистински тркачки автомобил за голема сума пари.

Моторот е централно поставен, а е чиста класика – атмосферски 6,4 литарски V8! Произведува над 600 ks и 670 Nm.

Погонот е во задниот дел, а менувачот е мануелен, што гарантира уживање во спортското возење.

Од место до 100 km/h, „Akula“ пристигнува за 2,9 секунди и може да достигне максимални 290 km/h.

Помеѓу споменатите вредности, производителот поставил сè за корисникот да има целосна контрола над автомобилот и во исто време да ужива во подобрувањето на своите возачки способности.

Дури и без тркачкиот пакет, кој вклучува композитни сопирачки и „кафез“, овој автомобил е достоен за секоја патека.

Доволно е да се каже дека „Akula“ е директен потомок на тркачките модели „Ginette“, а благодарение на материјалите од јаглеродни влакна, одржува мала тежина од 1.190 kg и одлична распределба на масата на оските.

Цената е 275.000 британски фунти, што не е претерано за автомобил од ова педигре и ограничено производство на само 20 примероци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП