19 април, 2025
ПочетнаСВЕТИзраел за еден час изврши повеќе од 110 воздушни напади врз јужен...

Израел за еден час изврши повеќе од 110 воздушни напади врз јужен Либан

Денеска израелската авијација изврши 111 воздушни напади врз Либан за еден час, меѓу 13:30 и 14:30 часот по локално време, јавуваат либанските медиуми.

Серија воздушни напади беа извршени врз области во Набати, Иклим ал-Туфа и Западна Бека, пренесе агенцијата ННА.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) претходно објавија дека биле погодени околу 180 цели во јужен Либан, објави Си-Ен-Ен.

Израелските воздухопловни сили „погодија илјадници фрлачи кои беа подготвени да оперираат кон израелска територија“, соопшти ИД.

Покрај тоа, артилерија на ИД погоди многу области во јужен Либан, се додава во соопштението, додавајќи дека израелската војска „ќе продолжи да работи на разбивање и деградирање на капацитетите и терористичката инфраструктура на Хезболах“.

Либанските медиуми објавија дека израелските напади во широка област на јужен и источен Либан, наведуваат дека тие предизвикале шумски пожари.

Пожари избувнаа и на северот на Израел, по тврдењето на Хезболах дека денеска истрела неколку ракетни проектили кон Израел, а со ракети „Каќуша“ ја гаѓаше и касарната Беит Хилел на израелската армија.

Според ИД, од Либан кон Израел биле истрелани околу 90 проектили.

Во израелскиот напад на Бејрут загинаа 37 лица, потрагата по исчезнатите се уште трае

Најмалку 37 лица, меѓу кои три деца и седум жени, загинаа во израелски воздушен напад врз команданти на Хезболах во предградие на Бејрут во петокот, соопшти либанското Министерство за здравство, а спасувачите се уште трагаат по исчезнатите лица во урнатините.

Хезболах соопшти дека 16 нејзини членови, вклучително и високиот лидер Ибрахим Акил и друг врховен командант, Ахмед Вахби, биле убиени во најсмртоносниот напад во речиси една година конфликт со Израел, објави Ројтерс.

Израелската војска на платформата X изјави дека вчерашниот напад ги погодил Акил и командантите на елитните сили на Хезболах Радван и дека воениот синџир на команда на Хезболах бил речиси целосно скршен.

Во нападот била срамнета повеќекатната станбена зграда во преполното предградие, а оштетена е и градинка до зградата, изјави извор од безбедносните сили.

Прекуграничните напади продолжија и денеска, при што израелските воени авиони ги извршија едни од најтешките бомбардирања во последните 11 месеци борби низ јужен Либан, а Хезболах изврши ракетни напади врз воени цели во северен Израел.

Израелската војска соопшти дека погодила околу 180 цели, уништувајќи илјадници ракетни фрлачи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП