1 мај, 2024
ПочетнаФОРЕКСФедералните резерви ќе го остават програмот

Федералните резерви ќе го остават програмот

federal-reserve

Цените на акциите на американски-те берзи скокнаа заради очекувањето дека Федералните резерви ќе го продолжат стимулативни-от програм со исто темпо и по состанокот Dow Jones се искачи за  0,72%, S&P 500 индексот се искачи за 0,56 одсто, додека  Nasdaq индексот беше поголем за 0,31 одсто.

Инвеститорите очекуваат дека по состанокот Федералните резерви ќе го остават својот програм на купување на средства во висина од 85 милијарди долари на месец.

Економските подаотци дополнително ги зацврстија очекувањата дека монетарната политика во Америка нема да се менува, за сега.
Индексот на доверба на потрошувачите во САД падна на 71,2 поени во октовмри од 80,2 во септември. Аналитичарите очекуваа пад на 75,0 поени.
Малопродажбата во Америка опадна  за 0,1% во септември, додека основната малопродажба  се накачи за 0,4%, што и испадна според очекуваното.
Инфлацијата на производителските цени во САД, во септември падна за 0,1%, по растот од 0,3%  во август, додека се проценуваше раст за 0,2%.
Цените на акциите на азиските берзи  исто така пораснаа. Јапонскиот Nikkei 225 скокна за 1,23%, хонгкошкиот Hang Seng скикна за 0,83%, додека австралискиот ASX/200 беше повисок за 0,5%.
Европските акции, по објавувањето на позитивните шпански податоци во врска со стопанскиот раст, исто така пораснаа.
Euro STOXX 50 порасна за 0,33%, францускиот  CAC 40 зајакна за  0,40%, британскиот  FTSE 100 беше повисок за 0,62%, додека германскот DAX 30 порасна за 0,44%.
Шпанскиот бруто домашен произод во септември порасна за 0,1% со минус од 0,1% во предходниот месец, што исто така беше според очекувањната на аналитичарите.
Срдечно,

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП