21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАПросечната плата во јули 40 961 денари, пониска од претходниот месец

Просечната плата во јули 40 961 денари, пониска од претходниот месец

Според пресметките на Државниот завод за статистика просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули 2024 година, изнесува 40 961 денари, и во однос на претходниот месец е намалена за 978 денари.

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (9.9 %), Административни и помошни услужни дејности

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јули 2024 година, во однос на јули 2023 година, изнесува 112.9.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование (19.1 %), Финансиски дејности и дејности на осигурување (18.6 %) и Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (16.7 %).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП