Пораката полна со оптимизам „Животот е прекрасен со тебе“, која е носечка порака во најновата кампања на А1 Македонија, од вчера вечер е испишана и на Скопското кале. Компанијата одлучи на своите сограѓани да им подари уметнички перформанс , несекојдневно доживување и уникатна глетка.
Визуелната проекција на Скопското кале е дел од кампањата на А1 со која има за цел да внесе свежина и позитивен дух со порака за заедничко креирање нови дигитални светови, кои се неопходни за секој член на семејството и за секој деловен ентитет независно од неговата големина.

