21 април, 2025
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈААко го имате овој уред, iOS 18 ќе го уништи

Ако го имате овој уред, iOS 18 ќе го уништи

Некои корисници на Apple пријавија проблеми со нивните уреди откако се обидоа да го инсталираат новиот оперативен систем iOS 18.

Корисниците кои имаат iPad Pro со Apple M4 чип велат дека нивните уреди се исклучуваат сами и нема да се рестартираат по започнувањето на инсталацијата на iPadOS 18 – ефективно, нивните уреди се „мртви“.

За жал, за секој што се соочува со овој проблем, во моментов не постои друг начин да се поправи освен да се однесе уредот кај овластен продавач и да се замени.

Apple објави дека ажурирањето е повлечено за сите iPad Pro со чипот M4 додека се обидува да открие што всушност е грешката.

“Во продавницата на Apple ми кажаа дека матичната плоча е спржена. Ажурирањето не беше добро тестирано”, напишал еден корисник на социјалната мрежа Редит под објава во која се дискутира за овој феномен.

Корисниците со овие уреди, според тоа, ќе мора да почекаат уште малку за да можат да ги искористат сите предности на новиот оперативен систем. Некои од оние чиј уред паднал рекле дека прво инсталирале iOS 17.7 наместо директно на iOS 18, но не е познато дали таа практика го предизвикува проблемот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП