13 октомври, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкономијата во Македонија, падни – стани!

Економијата во Македонија, падни – стани!

По оптимистичкото зголемување на Бруто домашниот производ, за нешто над еден процент државниот институции објавија поразителен податок за состојбата во индустријата. За само една година, прометот во индустријата се намалува за над 13 отсто на годишно ниво.

Капиталните инвестиции на голем удар, во периодот јули годинава споредено со истиот месец лани забележан е пад на прометот за цели 35 отсто. Економистите веќе соопштија дека не очекуваат драстични промени во растот на БДП со економија која не продуцијара производи со додадена вредност.

БДП минимално расте, прометот во индустријата драстично паѓа. Ова покажува дека македонската економија е далеку од некаква стабилизација. Намалување на прометот има во речиси сите сегменти на индустријата, позабележителен е кај капиталните проекти. Статистичарите забележале и намалување на прометот кај индустриските гранки како на домашниот така и на странските пазари. Прометот во индустријата е намален за 13,4 отство во периодот јули годинава со јули 2023 година.

Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во јули 2024 година, во однос на јули 2023 година, бележи опаѓање кај Капитални производи за 35.4 % и Tрајни производи за широка потрошувачка за 1.6 %, додека пораст бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 6.0 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.4 %.

Индексот на прометот во индустријата, вкупно, во јули 2024 година, во однос на јуни 2024 година, изнесува 98.0, додека во периодот јануари-јули 2024 година, во однос на периодот јануари-јули 2023 година, изнесува 86.7. Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во јули 2024 година, во однос на јули 2023 година, изнесува 99.1, се наведува во извештајот на ДЗС.

Оваа информации доаѓа по само краток период од информациите кои ги објавија државните институции дека БДП во вториот квартал е зголемен за 2,3 отсто. Оптимизмот се зголеми по растот во првото тромесечие кој изнесуваше минимални 1,2 отсто.

Новата влада се уште нема потрошено 100 дена од своето работење, а веќе најави и промовираше неколку странски фабрики кои треба да придонесат за зголемување на индустриската активност. Опозицијата не очекува подобрување на моменталната состојба со образложение дека владата освен популизам нема искрени намери да ја подобри економијата на земјава.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП