Алкалоид АД Скопје, една од нашите најуспешни македонски компании, со комплетирање на првиот настан за развој на лидерство уште еднаш ја покажа целосната посветеност на компанијата за јакнење на лидерските способности и за инвестирање во професионалниот раст и развој на својот менаџмент.

На првиот успешно реализиран алкалоидов настан „Развој на лидерството“ менаџерските тимови од земјава и од странство имаа можност да се запознаат со најновите трендови за јакнење на клучните лидерски вештини низ развој заснован на вредности и на ефектно донесување одлуки.





