За само 2 месеци од мандатот, Владата, Министерството за здравство и ФЗО ја проширија позитивната листа на лекови. По една деценија, од денеска граѓаните ќе можат да ги земаат новите лекови на позитивната листа од аптеките, посочуваат од Владата.
„На листата се додадоа девет нови генерици, односно 87 лекови во различни имиња, форми, јачина и пакување и тоа за крвен притисок, срцеви заболувања, анти-агреганси, лекови за третман на депресија и за деменција. Последното проширување на позитивната листа беше во 2009 години и во 2014 кога се додал само еден лек. Но, од денеска таа е проширена за 9 нови лекови“, дополнуваат оттаму.

