20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗKia K7/Cadenza пристигнува во Европа

Kia K7/Cadenza пристигнува во Европа

cadenza

„Kia“ подготвува терен за почеток на продажбата на својата лимузина од повисоката средна класа на европскиот пазар. Планирано е на купувачите најпрво да им се понуди мала серија од околу 1000 автомобили, се со цел да се види дали во Европа постои интерес за овој модел.

Корејскиот производител досега европскиот пазар го освојуваше со мали градски автомобли, компактни модели и кросовер возила, а најголемата лимузина беше „Optima“. Тоа би можело наскоро да се промени, со оглед дека „Kia“ планира во понудата да вметне и поголеми и луксузни седани кои веќе се присутни на другите светски пазари.

„Најпрво сакаме на пазарите на западноевропските земји да пласираме 1000 примероци од моделот „K7/Cadenza“, со цел да се добие повратна реакција од купувачите“, вели Сун-Нан Ли, потпретседателот на компанијата задолжен за маркетинг.

Во зависност од резултатите од продажбата и интересирањето, „Kia“ ќе одлучи дали следната генерација од овој модел кој ќе пристигне во 2016-та година ќе биде во регуларната понуда на моделите на „Kiа“ во Европа.

„Kia K7/Cadenza“ е седан од повисоката средна класа кој е дел од премиум сегментот, каде конкуренцијата на европскиот пазар е многу сериозна, па поради тоа корејскиот производител ќе има тешка задача да се наметне кај пребирливите купувачи во Европа. Во тоа би требало да им помогне цената која секако ќе биде пониска од таа на конкуренцијата, но и воведувањето на дизел моторите во палетата на погонските агрегати, кои во Европа се многу застапени.

Доколку „K7/Cadenza“ успешно го скрши мразот, „Kia“ би можела во Европа да почне да ја продава и својата топ лимузина, моделот „K9/Quoris“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП