Желбата за дружење, за добра музика но и за омиленото пиво се работи кои се дел од нашата децениска традиција. Сакаме да се радуваме на мали работи, да уживаме во моментот, да ги славиме убавите поводи. Од секој роденден, слава, матура, свадба да креираме вредни спомени, да произлезат приказни кои долго потоа се прераскажуваат, а со Скопско да наздравиме.

Скопско е поврзано со сите наши прослави, со различни генерации, со секој од нас… а сега е време ние да наздравиме за Скопско. По повод својот 100-ти роденден, на 21 септември во Градскиот парк во Скопје (од фонтаната на Илинденска до езерцето), со почеток од 18 часот, Скопско ќе организира незаборавен настан што ќе ги обедини љубителите на домашната музика, но и љубителите на пивото, во единствена прослава.


