Денеска во просториите на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Билјана Стефаноска ја презеде функцијата в.д. директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот од нејзината претходничка в.д. директорката м-р Јасмина Лескаровска, обврзувајќи се на посветена работа, одговорност, отчетност и транспарентност.
Досегашната в.д. директорка м-р Јасмина Лескаровска ја запозна директорката Стефаноска со предизвиците, актуелните состојби и планираните активности во периодот што следува, и истовремено и посака успешна работа и продолжување на активностите во насока на развој на одржливиот туризам, како и унапредување и развој на севкупната туристичка понуда.

