13 декември, 2024
ПочетнаСВЕТАвстралија донесе историски закон: „Одлучивме да ги тргнеме децата од социјалните мрежи"

Австралија донесе историски закон: „Одлучивме да ги тргнеме децата од социјалните мрежи”

Австралискиот премиер е загрижен за ефектите што ги има сајбер-малтретирањето врз менталното здравје на децата, како и за лесната достапност на штетна содржина.

Австралија планира да воведе нови закони до крајот на годината кои ќе ги спречат децата да користат социјални мрежи поради ризиците што ги претставуваат за нивното физичко и ментално здравје, изјави во вторникот премиерот Антони Албанезе.

Премиерот Албанезе најави дека неговата влада од левиот центар ќе воведе пробен период во текот на следните неколку месеци што ќе бара од корисниците на социјалните мрежи да ја потврдат својата возраст.

„Сакам децата и младите да се оддалечат од своите уреди. Сакам да ги видам на фудбалски терен, базен или тениско игралиште. Сакам да имаат вистински искуства со вистински луѓе бидејќи знаеме колкава штета социјалните мрежи можат да направат“, изјави Албанезе за националната телевизија.

Премиерот не беше целосно конкретен за старосната граница под која нема да биде дозволено користење на социјалните мрежи, но рече дека тоа ќе биде помеѓу 14 и 16 години.

Дополнително, тој нагласи дека е загрижен за ефектите кои сајбер-малтретирањето ги има врз менталното здравје на децата, како и за лесната достапност на содржините на социјалните мрежи кои ги смета за штетни.

Досега, неколку земји се обидоа да го ограничат пристапот на малолетниците до социјалните мрежи, но правните предизвици и технологијата, како што се приватните мрежи кои ја кријат локацијата, се покажаа како најголеми пречки.

„Ова е глобален проблем со кој се соочуваат владите ширум светот. Знаеме дека тоа не е едноставно или лесно, инаку владите веќе ќе реагираа и ќе направеа нешто околу тоа“, рече Албанезе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП