11 октомври, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈАМВР: Краен рок за промена на возачките дозволи со старото уставно име...

МВР: Краен рок за промена на возачките дозволи со старото уставно име е 31.12.2024

Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека важноста на возачките дозволи со старото уставно име, во согласност со со промената на Законот за безбедноста во сообраќајот, е заклучно со 31.12.2024 година. Министерството ги повикува сите граѓани кои сѐ уште имаат возачка дозвола со старото уставно име да ја обноват до истекот на рокот со цел да не се создава непотребен метеж.

„Сите капацитети на Министерството и шалтерите на управните служби функционираат во полн капацитет и може да ги услужат граѓаните да си ги заменат своите возачки дозволи во редовниот рок до 31.12.2024, без никакво доцнење и метеж“, велат од МВР.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП