13 октомври, 2024
ПочетнаСВЕТГерманија воведува контроли на сите граници

Германија воведува контроли на сите граници

Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер најави привремени гранични контроли на сите копнени граници на земјата за да се спречи нерегуларната миграција и да се заштити јавноста од исламистичкиот екстремизам, изјави владин извор за Ројтерс.

Фезер ќе ја информира Европската комисија за плановите, изјави изворот.

Германската влада ја консултираше главната опозициска партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ) за начините за спречување на миграцијата по смртоносниот напад со нож од страна на барател на азил роден во Сирија во градот Солинген минатиот месец.

Антимигрантската партија Алтернатива за Германија (AfD) победи на минатонеделните избори во сојузната покраина Тирингија, а заврши на второто место во Саксонија.

Социјалдемократите на министерот Фезер за две недели се соочени со избори во Бранденбург, каде што партијата владее во коалиција со Зелените и Демохристијаните.

Германија има 3.700 километри долга граница со Данска, Холандија, Белгија, Луксембург, Франција, Швајцарија, Австрија, Чешка и Полска.

Минатата година, Берлин најави засилени контроли на копнените граници со Полска, Чешка и Швајцарија како одговор на порастот на барањата за азил.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП